Актуелно 18.01.2024 08:44

Трошоци за живот: Што најмногу поскапе лани?

Трошоци за живот: Што најмногу поскапе лани?

Македонија ја заврши ланската година со годишна инфлација од 9,4 отсто.

Трошоците на живот лани во споредба со 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најмногу поскапеле храната, угостителските услуги, мебелот, покуќнината. Забележан е зголемен трошок кај воздухопловниот транспорт, туристичките аранжмани, облеката, фармацевтските производи. За декември 2023 година, споредено со декември 2022 година, инфлацијата е 3,6 отсто.

Најмногу поскапеле прехранбените производи, зеленчукот, кондиторските производи. ()

Најнови вести