Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани луѓе. Во согласност со сопствената стратегија, Халкбанк се секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување.
Согласно тековните потреби, процеси и активности, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за прием на нововработено лице и пополнување на следната работна позиција во Банката:
Самостоен референт во Одделението за спречување перење пари и финансирање на тероризам – референца бр. 002/2024
Основни работни задачи:
- Примена на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам на ниво на Банка со цел минимизирање на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам;
- Идентификување и следење на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам, проценка на ризиците и применување на мерките за анализа согласно извршената проценка и утврдениот степен на ризик;
- Постојано следење на деловните односи со клиентите и трансакциите што се одвиваат во рамките на воспоставените деловни односи;
- Препознавање на сложени и невообичаени трансакции и трансакции на сомневање за перење пари и финансирање на тероризам;
- Изработка на анализи;
- Мониторинг, анализа и превземање активности поврзани со софтверите од областа на спречување перење пари/финансирање на тероризам;
- Изработка на извештаи и доставување до надлежните институции согласно законските прописи;
- Учествува во изготвување на проценката на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и нејзино редовно ажурирање;
- Следење и имплементација на регулативата во Република Македонија особено прописите поврзани со банкарското работење и спречување перење пари и финансирање на тероризам;
- Следење и имплементација на меѓународната регулатива и пракса од областа на усогласеност со прописите, спречување перење пари и финансирање на тероризам;
- Комуникација со надлежните институции во рамките на дефинираните овластувања согласно законските прописи.
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ VII/1 степен Правен или Економски Факултет;
- Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 (две) години;
- Познавање на прописите од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам;
- Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
- Напредно користење на MS-Oce (Word, Excel и Microsoft Outlook);
- Искуство во работење со софтвер од областа на спречување перење пари/финансирање на тероризам ќе се смета за предност.
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
- Аналитичност, ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
- Превземање на иницијатива и давање предлози за унапредување на работењето;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Ефикасно, стручно и навремено извршување на работните задачи;
- Чесност и доверливост;
- Одлични комуникациски вештини;
- Професионален изглед и однесување;
- Подготвеност и способност за учење, подобрување и понатамошен развој на професионалните вештини.
Бенефиции:
- Приватно здравствено осигурување;
- Политика за наградување преку системот на бонуси;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Динамична работна средина;
- Продуктивно работно опкружување;
- Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење;
- Работно време: дневно од 08:30-16:30, 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Вработените во Халкбанк АД Скопје имаат можност за напредување на повисоки и раководни позиции по стекнување со одредено ниво на искуство и зголемени знаења.
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, Халкбанк АД Скопје ве охрабрува да аплицирате најдоцна до 31.01.2024 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр.002/2024 – Самостоен референт во Одделението за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју. ()