Актуелно 20.02.2024 13:49

Штипските пензионери не се откажуваат од зголемување на пензиите

Штипските пензионери не се откажуваат од зголемување на пензиите

Штипските пензионери бараат поголем раст на пензиите, зашто инфлацијата постојано расте, а цените на производите во маркетите од ден на ден се се повисоки. Со минималните примања не можат да ги подмират ниту енормно високите сметки за струја, да купат лекови, а за прехрана не им останува скоро ништо.

– 100% треба да покачат, а не 5% како што беше до сега. Тоа не е покачување, инфлацијата е голема, цените се се повисоки, а нашите пензии останаа исти. Многу тешко, со 12 -13 000 пензија тоа е многу тежок живот. Не може човек ништо да направи со таа пензија.

– Да преживееш, само да преживееш, толку е.
– Ние со малите (пензии), за лекови, за ова и за она и толку е, а цените секој ден се повисоки- анкетирани штипјани

Висината на пензијата повторно ја подигна тензијата помеѓу власта и опозицијата во градот. Според СДСМ пензиите од 2016-тата до денес се во постојан раст, минималната пензија е зголемена за 50% за период од 7 години и дека, од ВМРО ДПМНЕ даваат само лажни ветувања

– Исто така, во однос на 2016 година, денес просечната пензија е повисока за 6 400 денари и таа изнесува 20 200 денари. Истовремено, пак, ДПМНЕ се обидуваше да ги манипулира пензионерите дека ќе им дадат на сите по 5 000 денари, па потоа ретерираа и рекоа дека ќе им дадат по 500 денари, изјави Ленче Рунтева, претседател на форум на жени на СДСМ-Штип.

Од ВМРО ДПМНЕ вратија дека, во изминатите години пензионерите не биле никогаш повеќе понижени, СДСМ при усогласувањето на пензиите го отфрли растот на просечната плата, не сакаше да го земе во предвид фактот дека имаме енормна инфлација и да ги прилагоди пензиите согласно инфлацијата. ()