Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).
Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава. Просечната плата во ноември изнесувала околу 1.600 евра или просечни 98 307 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втори на списокот топ три најплатени професии се од Воздухопловен транспорт, кои во ноември земале во просек 80 881 денари нето плата. Следуваат вработените во Фармација со 60 325 денари за ноември.
На другата страна пак од скалилото, топ три најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Заштитни и истражни дејности” кои со платите се пониски од сегашниот минималец. Или во ноември добиле во просек по 20.121 денари. Следуваат вработените во секторот “Услуги поврзани со одржување згради” со 22.552 денари, па тие во “Производство на кожа и слични производи од кожа” со 24.167. ()