Економија 06.03.2024 10:09

Лани трговскиот дефицит на ЕУ со Кина се намали за повеќе од 100 милијарди евра

Лани трговскиот дефицит на ЕУ со Кина се намали за повеќе од 100 милијарди евра

Дефицитот на Европската унија (ЕУ) во стоковната трговија со Кина изнесува 291 милијарда евра во 2023-та година, што е за 106 милијарди евра помалку отколку во 2022-ра година (-27 отсто), објави европската статистичка служба на својата веб-страница на Евростат.

Помеѓу 2013-та и 2023-та година, трговскиот дефицит на стоки на ЕУ со Кина варира помеѓу 104 милијарди евра во 2013-та година и 397 милијарди евра во 2022-ра година, што е највисока вредност во последната деценија.

Во 2023-та година, Кина е најголемиот увознички партнер на ЕУ (20,5 отсто од вкупниот увоз од земји кои не се членки на ЕУ) и трет по големина партнер извозник на ЕУ (8,8 отсто од вкупниот извоз надвор од ЕУ).

Што се однесува до најувезените производи од Кина, телекомуникациската опрема е на прво место, иако е намалена во вредност од 63,1 милијарди евра во 2022-ра година на 56,3 милијарди евра во 2023-та година. Електрични машини и апарати (36,5 милијарди евра) и машини за автоматска обработка на податоци (36 милијарди евра) беа, соодветно, втора и трета најувезена стока.

Најголем пораст на увозот забележаа автомобилите и моторните возила – 3,5 милијарди евра или 36,7 отсто повеќе во споредба со 2022-ра година. ()