Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2023 година од работењето оствари сеопфатна добивка од 87,6 милиони денари добивка.
Вкупните приходи на Витаминка за 2023 година изнесуваат 3.485.210 илјади денари и во споредба со остварените во 2022 година бележат пад од 9%.
Најголемо учество во вкупните приходи со 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година за извештајниот период бележат пад од 10%. Падот на вкупните приходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период и најголемо влијание има падот на цената на маслото за јадење.
Остварените единечни вкупни расходи за 2023 година изнесуваат 3.429.814 илјади денари и во споредба со остварените во 2022 година бележат пад од 16%.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука. ()