Ние, како држава го зголемивме производството на електрична енергија за 45% и тоа во услови на криза порача во интервју за Слободен печат претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Тој во интервјуто истакна дека иако опозицијата ширела страв и паника дека нема да има доволно електрична енергија, сепак на крајот тоа не се покажало како точно, туку напроитв, сериозно било зголемено поставувањето на нови енергетски капацитети од обновливи извори на енергија.
„Во месеците кога опозицијата и дел од некои експерти велеа дека нема да има електрична енергија, ние имавме и вишоци на електрична енергија. Второ, не дозволивме покачување на цената на електричнага енергија иако велеа дека двојно ќе се зголеми цената, ние не дозволивме ценовен шок за граѓаните.ние обезбедивме зголемено производство и субвенционирање на цената за сите граѓани и сите мали потрошувачи до 90 проценти од цената. Истовремено , кризата ја искористивме и како можност, затоа што веднаш направивме законски измени за имплементирање на обновливи извори на енергија. Со тие законски измени и со измените на правилниците, ние денеска во Македонија имаме 600 мегавати изградени капацитети од обновливи извори само за двете години од мандатот на владата што јас ја предводев. За споредба до 2016 година, само 16 мегавати обновливи извори беа инсталирани, сега за две години имаме 600 мегавати, а во тие две години пред последниве две години имаме 300 мегавати, значи за четири години ние имаме 900 мегавати инсталирани капацитети кои се доминантно фотоволтаичлни централи“ рече Ковачевски. ()