Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави 800 милиони евра за македонското земјоделство.
„Опоравување на земјоделството и руралните средини, доходовна поддршка на земјоделците, инвестиции во земјоделските стопанства, инвестиции за диверзификација на земјоделските активности, инфраструктура и опрема за заштита од временски непогоди и осигурување, инвестиции во водостопански проекти и реконструкција на системи за наводнување, развој на руралните средини, изградба на откупни дистрибутивни центри“, ова е едно од ветувањата во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, насловена Платформа #1198.
Мицкоски најави и обнова на сите водоснабдителни системи како и гарантиран откуп и загарантирана цена за македонските земјоделци.
„Ќе има мерки за управување со откуп и пазарни ризици, формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, заканување на функциите на земјоделските задруги во откуп и продажба, изградба на откупни дистрибутивни центри“, посочи Мицкоски. ()