Просечната бруто-плата во јануари изнесувала 132.372 динари (околу 1.129 евра), а просечната нето плата 95.836 динари (околу 817.63 евра), објави денеска српскиот Републички завод за статистика (РЗС).
Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата е номинално повисока за 15,9 отсто, а реално за 8,9 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 15,8 отсто, односно реално за 8,8 отсто.
Во однос на декември лани, просечната јануарска бруто-плата е номинално повисока за 1,5 отсто, а реално за 1,2 отсто, додека просечната нето плата е номинално повисока за 0,8 отсто, а реално за 0,5 отсто.
Просечната нето заработка за јануари изнесува 73.733 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до оваа сума.
()