Просечната нето плата за месец март изнесува 40.496 денари. Додека просечната бруто плата достигна 60.803 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната нето-месечна плата исплатена во март, во однос на март 2023 година, е зголемен за 16%.
„Ова зголемување доаѓа главно како резултат на зголемувањето на нето платата за вработените во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9%), Јавна администрација и одбрана; задолжително социјално осигурување (21,3%) и образование (20,5%). Зголемување на просечната нето-месечна плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство (7,8%), хотелски и прехранбени услужни објекти (7,3%) и преработувачка индустрија (6,2%)“, наведуваат од Државната агенција за статистика
Но, каде сме со платите во споредба со земјите од регионот? Статистиката вели дека според минималната сме последни а споредено на просечната сме претпоследни.
Сојуз на синдикати на Македонија:
Во Словенија минималната плата е 1.254 евра, додека просечната е 1.477 евра;
Во Хрватска минималната плата е 677 евра, додека просечната е 1.094 евра;
Во Босна минималната плата е 317 евра, додека просечната е 1.046 евра;
Во Србија минималната плата е 432 евра, додека просечната е 797 евра;
Во Црна Гора минималната плата е 450 евра, додека просечната е 821 евро;
Во Албанија минималната плата е 386 евра, додека просечната е 568 евра;
Во Македонија минималната плата е 367 евра, додека просечната е 658 евра
Според официјалните податоци, во нашата земја има 687.459 вработени, вклучително јавниот и приватниот сектор. Во Агенцијата за вработување 102.980 граѓани се наведени како активни баратели на работа, но невработени, односно околу 13%.