Производителите на модра слива од пехчевско, беровско и делчевско разговараа за моменталното производство на сливата, нејзиниот квалитет, третирањето, како и проектите кои се планираат за подобрување на производството и откупот на сливата во наредниот период. Според професорот Маријан Кипријановски овој квалитетен плод, се повеќе се бара на европскиот пазар и затоа треба да се подигне производството на сливата. За таа цел се потребни магацини, современ дистрибутивен центар со ладилници, како и отворање на капацитети за преработка на модра слива.
Поради лошите климатски услови и уште полошите откупни цени, производителите на модра слива во Малешевијата полека како да се откажуваат од производството на слива. Поголем дел од постоечките насадите се запуштени, дел од нив не даваат квалитетен род, а дел воопшто не даваат род со што, како што беше потенцирано на денешниот состанок, доколку продолжи ваквиот тренд, за догледен период сливата од некогаш најзастапена култура, може да биде заменета со некоја друга овошна култура.
Производителите јаа поздравија поздравија иницијативата на професорот како основа за подобрување на критичната состојбата, најмногу поради масовното запуштање и запоставување на сливовите насади.