Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2022 година кај Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2022 година и изразено е мислење со резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста со законската регуатива, упатства и воспоставените политики.
Ревизорите утврдиле дека и во 2022 година не се надминати утврдените состојби од претходните години за кои ревизорот во континуитет известува а се однесуваат на недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство и перманентниот одлив на вработени од ИТ секторот и внатрешната ревизија што влијае на развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети, функционирање на информацискиот систем и ажурноста на сите воспоставени системи и ефективноста на системот за внатрешни контроли.
Во објавениот ревизорски извештај ревизорите утврдиле:
-слабости во делот на пописот и евидентирање во деловните книги на постојаните средства добиени по основ затворени стечајни постапки кои не се спроведени и на земјиштето за кое Фондот има сопственост/право на користење, како и бришење од сметководствената евиденцијата без одлука на Влада на расходуваните движните ствари;
-Фондот и понатаму не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акции, како и решение за основот за повлекување на средства од сметката од страна на МФ со што не може да ја потврди точноста и целосноста на наплатените приходи;
-постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки на ИТ, тековно одржување и изведување на градежно занатски работи на деловни објекти на Фондот, како и за набавка и плаќање за поставување на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за кој не е навремено обезбедена документација за сопственоста на објектот и не извршен технички прием;
-слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција и недовршен процес на индексирање и дигитализирање на микрофилмови и скенираните документи кои го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО;
-не се надминати состојбите во однос на не распоредени средства на уплатната сметка од наплатен придонес за ПИО кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО;
-и понатаму не е воспоставена електронска поврзаност на архивата на Комисијата за оцена на работната способност во Фондот со Комисијата за ревизија во МТСП, а пополнувњето на испразнетите работни места со лекари специјалисти е отежнато кое не обезбедува навремено и компетентно извршување на надлежностите на Комисијата;
-не се надминати констатираните состојби од претходни години а се однесуваат на недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство и перманентниот одлив на вработени од ИТ секторот и внатрешната ревизија што влијае на развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети, функционирање на информацискиот систем и ажурноста на сите воспоставени системи и ефективноста на системот за внатрешни конроли.
-системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена. Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесите поради што постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право.
Ревизорскиот извештај упатува и на прашања на неизвесност и континуитет и тоа за неосновано повлечени средства од сметката на Фондот од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија и преземените активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налози за извршување, како и за тоа дека структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период дефицитот во исплатата на пензиските примања, како и неизвесностите по работењето на Фондот поврзани со инфлаторните движења и неповолните демографски движења.
Во извештајот стои дека вкупните остварени приходи на Фондот во 2022 година изнесуваат 91. 410. 6541 илјади денари. – Изворните приходи т. е. приходите од наплатен придонес за ПИО во 2022 година се зголемени за 11,63% во однос на претходната 2021 година и во 2022 година изнесуваат 54. 943. 420 илјади денари, што претставува учество од 64. 54% од вкупно остварените приходи.
Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така бележат раст од година во година.