Минатата година Службата за вработување во Србија издала околу 5.000 дозволи за работници кои сакаат да продолжат да работат во Словенија.
Директорката на Агенцијата за вработување на Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц, во Белград, изјави дека сакаат работниците кои доаѓаат во Словенија од Србија да работат кај добри газди и да г остваруваат сите свои права.
Таа посочи дека лани врз основа на договорот со Институтот од Србија биле издадени околу 5.000 дозволи за работници кои сакаат да заминат во Словенија.
Како што наведе таа, Словенија и Србија имаат договори за социјална заштита со кои се регулира пензиското, социјалното и здравственото осигурување и Договор за вработување работници од Србија на словенечкиот пазар.
Градоначалникот на Марибор, Саша Арсеновиќ, рече дека најголемиот проблем на Словенија со дефицитот на работната сила е во северниот дел на земјата, поради блзинат со поразвиената Австрија и укажа на одговорноста на политичарите да создадат подобри услови во нивните земји, објави Фонет, пренесува Нова рс.