Економија 12.06.2024 09:18

Ова се државите во кои работниците постигнуваат најголем напредок

Ова се државите во кои работниците постигнуваат најголем напредок

Повеќето од нас го поминуваат поголемиот дел од својот буден живот на работа, па не е изненадување што работните места може да имаат големо влијание врз целокупното ментално здравје и благосостојба.

Додека работата може да биде извор на стрес, тага и гнев во нашите животи, некои во неа наоѓаат исполнување, цел и среќа.

Според извештајот на Gallup State of the Global Workplace 2024, 34 отсто од испитаниците на глобално ниво велат дека „просперираат“, додека 58 отсто велат дека „се борат“. Околу 8 отсто од испитаниците ширум светот признаваат дека „трпат“ на работа, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз.

Оние кои напредуваат пријавуваат „значително помалку здравствени проблеми и помалку грижи, стрес, тага, осаменост, депресија и гнев. Тие известуваат дека имаат повеќе надеж, среќа, енергија, интерес и почит“, се вели во студијата, која се заснова на целосна проценка на животот, која ги комбинира рцепциите на испитаниците за тоа каде се сега и во иднина.

Студијата имаше за цел да го процени менталното здравје и благосостојба на вработените, а ангажираноста беше мерена преку позитивни искуства како што се напредок и уживање, како и преку негативни искуства како стрес, лутина, грижа, тага и осаменост.

Светската анкета на Галуп ја испита возрасната популација во светот во повеќе од 160 земји и територии ширум светот. Податоците за овој извештај собрани во 2023 година вклучуваат резултати од повеќе од 128.000 вработени испитаници.

Ова се 10-те земји со најоем процент на луѓе кои велат дека напредуваат, според студијата на Галуп.

Финска: 83%
Данска: 77%
Исланд: 76%
Холандија: 71%
Шведска: 70%
Израел: 69%
Норвешка: 67%
Костарика: 62%
Белгија: 60%
Австралија: 60%

На листата доминираа европските земји со седум во топ 10. Регионот забележа најмал процент на вработени кои изјавија дека „чекаат или активно бараат нова работа“ и втор најмал процент на вработени кои „доживуваат секојдневна тага“, според извештајот.

Имено, Европа забележа и „најмал регионален процент на ангажирани вработени“, од 13%, но регионот е познат по силнаа заштита на работниците, се посочува во извештајот.

Спротивно на тоа, според студијата, САД се рангирани пониско во безбедноста при работа, но повисоко во ангажманот на вработените.

„Луѓето често ја спротивставуваат западноевропската култура „работи за да живееш“ со мислите на Соединетите држави „живеј за да работиш“, се вели во извештајот. На крајот, „ангажираните вработени во земји со значајни закони за работничките права имаат најсилно емоционално здравје“.

Австралија е во првите десет со 60% од испитаниците кои рекле дека „просперираат“ и 21% дека се ангажирани на работа. Во Костарика, 62% од испитаниците рекле дека се „успешни“, додека 34% рекле дека се „ангажирани“ на работа.

Азија заостануваше, но еве ги првите 10 во регионот каде што најголем процент од испитаниците рекле дека напредуваат:

Виетнам: 51%
Тајван: 41%
Сингапур: 39%
Тајланд: 37%
Филипини: 36%
Кина: 36%
Јужна Кореја: 34%
Малезија: 31%
Јапонија: 29%
Монголија: 29%