Цената на проектот кој треба да ги поврзе Германија и Данска е околу осум милијарди долари, а покрај железничкото поврзување, тунелот ќе има и автопат со четири ленти. Тоа нема да биде само најдолгиот подводен тунел, туку и најдолгиот тунел за шински возила во светот.
Кралот Фредерик Десетти го посети градилиштето по повод поставувњ на првиот бетонски сегмент во должина од 217 метри, а до крајот на проектот ќе има вкупно 79, јавува РТС.
Вкупната должина на тунелот ќе биде 18 километри, а се работи за таканаречен „потопен“ тип на тунел. Ќе биде поставен на дното на Балтичкото Море во ров широк 40 до 50 метри и длабочина од 12 до 15 метри.
Тунелот е клучна компонента на скандинавско-медитеранскиот коридор, транспортна мрежа која се протега на речиси 5.000 километри од Средоземното Море до Финска. Коридорот го преминува океанот и минува низ Алпите, но кога ќе стигне до Скандинавија, теснецо Фемарн ги принудува патниците да заобиколат 450 километри.
The first #tunnel element of the Fehmarnbelt link between #Denmark and #Germany has been completed – Congratulations to all those involved!
The #EU #CEFTransport programme is supporting the project with over €1 billion.#EUGreenDeal pic.twitter.com/QqKfrpriva
— CINEA🇪🇺 (@cinea_eu) June 17, 2024
Планираната железничка врска со вагони ќе го скрати патувањето од Хамбург до Копенхаген од пет на помалку од три часа, а она што трае 45 минути со траект ќе биде направено за десет со автомобил и седум со воз.
Сообраќајот во подводниот тунел ќе се одвива преку посебни тунелски цевки, по еда за секо правец. Ќе има и лента за итни случаи, а тунелот постојано ќе го надгледуваат камери од контролен центар во Копенхаген.