Градежниците бараат од новата влада итни измени во Законот за градба, велат дека се соочуваат со технички и административни пречки во работата. Бараат о да се намалат бројот на неработни денови и да се интервенира во Законот за нердела неработен ден. Дополнително, градежниците сметаат дека треба да се промени и Законот за јавни наба, односно да имаат свој член во Комисијата за желби во областа на градежништвото. Градежништвото стагнира, а градежниците се загрижени за оваа стопанска гранка и бараат од новата влада сериозно да ги разгледа нивните препораки се со цел оваа дејност повторно да биде мотор на македонската економија, а не маргинализирана како во претходниов период.
„Ако во 2013 година градежништвото учествуваше во креирањето на Бруто домашниот производ со 7,1 отсто, со 16, 6 милијарди денари – капитални инвестиции, минатата година 2023 година на рекордно ниво на реализациј на а инвестиции со 45 милијарди денари може да констатираме дека градежништвото учествува само со 5,5 отсто. Тоа значи дека економскиот раст во општеството не го следи економскиот раст во градежништвото и градежништвото во моментов се наоѓа во некоја стагнација“.
Градежниците велат дека работата во земјава ја добиваат странски фирми кои најчесто прават повеќе проблеми од колку професионално ја завршуваат работа. Како потврда за тоа тие велат дека од 19 капитални проекти кои ги гради државата, шест се во застој, на четири проекти им се раскинат договорите, а а три проекти се води арбитража за кои се бара оштета од државата над 45 милиони евра. Официјалните податоци велат дека 96 отсто од реализацијата на капиталните проекти се на странски компании а само четири отсто се ги реализирале домашни градежни фирми.