Премиерот Христијан Мицкоски објави германско-белгиска инвестиција за производи од полимер, односно пластика, во рамките на Општина Петровец, надвор од рамките на технолошко индустриско-развојната зона.
Инвеститотор е германскиот „Епсотех“, заедно со АИМ,компанијата која гради фабрики на белгискиот конзул Рајес Леменс.
„Одлиа за сите граѓани е дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра.
Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.
Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за устражувње и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања“, информираше Мицкоски.