На крајот од јуни 2024 година, официјалните девизни резерви изнесувале 4.337,5 милиони евра и во однос на претходниот месец забележале зголемување за 44 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1 %), по што следуваат валутите и депозитите (28,8 %) и монетарното злато (11,1 %).