Во првиот квартал од оваа година, цените на куќите паднале за 0,4 % во еврозоната, а во Европската Унија (ЕУ) пораснале за 1,3 % во споредба со тој квартал од минатата година, покажуваат податоците на „Евростат“.
Во четвртиот квартал од 2023 година, цените на куќите паднале за 1,2 % во еврозоната, а пораснале за 0,2 % во ЕУ.
Споредено со првиот квартал од оваа година со четвртиот квартал од 2023 година, цените на куќите паднале за 0,1 % во еврозоната, а пораснале за 0,4 % во ЕУ.
Од земјите членки, седум забележале годишен пад на цените на куќите во првиот квартал, а 19 забележале годишен пораст.
Најголем пад е забележан во Луксембург, 10,9 %, Германија 5,7 % и Франција 4,8 %, додека најголем пораст е забележан во Полска – 18 %, Бугарија 16 % и Литванија 9,9 %.
Во споредба со претходниот квартал, цените се намалиле во осум земји членки, а се зголемиле во 18 земји членки.
Најголем пад е забележан во Данска, од 2,5 %, Францја 2,1 % и Словачка 1,7 %, додека најголем пораст е забележан во Бугарија – 7,1 %, Унгарија 5,1 % и Полска 4,3 %.