Актуелно 12.07.2024 10:51

ПАДНА „МОЈ ДДВ“: Граѓаните реагираат, не можат да скенираат сметки

ПАДНА „МОЈ ДДВ“: Граѓаните реагираат, не можат да скенираат сметки

Мобилната апликација „Мој ДДВ“ од утринава не функционира. До редакцијата на „Фактор“ пристигнаа бројни поплаки од граѓаните дека не можат да скенираат сметки на апликацијата.

Кога ја отворате апликацијата самата апликација иако ви ги има зачувано податоците со кои може да се логирате, таа одново ви бара да внесете корисничко име и лозинка.

Кога ќе кликнете за да ги внесете податоците, веднаш ви го дава полето за пин

Откако ќе го внесете пинот, апликацијата ве информира дека нема конекција до УЈП.