Европската комисија најави дека оваа недела ќе стапат на сила новите правила на ЕУ за Трансевропската транспортна мрежа (TEН-T), што со себе носи бројни новитети. Политиката на ЕУ за трансевропска транспортна мрежа е клучен инструмент за развој на кохерентна, ефикасна и висококвалитетна транспортна инфраструктура низ Европската уни.
Во оваа прилика, Европската комисија нагласи дека стапувањето во сила на овие правила ќе повлече и низа други подобрувања на услугите и дека тоа ќе го вклучи речиси секој сегмент од сообраќајот. Меѓу другото, до 2040 година, TEН-T инфраструктурата предвидува патничките железнички линии да ги поддржуваат возовите што се движат со минимална брзина од 160 км/ч. Националните системи постепено ќе бидат укинати. На пример, новите брзи железнички врски меѓу Порто и Виго и Будимпешта и Букурешт, мора да биде завршени до 2040 година. Како друг пример, по завршувањето на , патниците ќе можат да патуваат меѓу Копенхаген и Хамбург за 2,5 часа со воз, наместо 4,5 часа што се потребни денес“, се вели во соопштението.
Дел од правилата ќе важат за терминалите и аеродромите.
„Големите аеродроми со над 12 милиони патници годишно мора да бидат поврзани со железница на долги растојанија. Бројот и капацитетот на терминалите за претовар ќе се прошират за да се задоволат потребите на сообраќајот. Ова вклучува сместување на возови долги 740 метри, промовирање на транзицијата кон одржливи начини на транспорт и зајакнување на европскиот а комбинираниот транспортен сектор“, беше соопштено.
Најавено е и дека на секои 150 километри долж мрежата ќе се воспоставуваат безбедни паркинг места, пишува Кликс.ба.