Берзанските индекси остро паднаа на Волстрит во средата, бидејќи послабите од очекуваните деловни резултати на гигантите „Alphabet“ и „Tesla“ предизвикаа распродажба на акциите на технолошките компании.
Индексот Dow Jones се лизна за 1,25 отсто, на 39.853 поени, додека S&P 500 потона за 2,31 отсто, на 5.427 поени, а Nasdaq 3,64 отсто, на 17.342 поени.
Најголемиот дневен пад на S&P 500 и Nasdaq индексисте од 2022 година е резултат на послабите од очекуваните деловни резултати на двата технолошки гиганта – „Tesla“ и „Alphabet“. Додека приходите и заработката на „Alphabet“ беа во согласност со очекувањата, бидејќи приходите од рекламите на YouTube не ги надминуваа очекувањата, цената на акциите на технолошкиот гигант падна за 5 проценти.
Цената на акцијата на „Tesla“ потона уште повеќе, за над 12 отсто, откако производителот на електрични возила објави заработка помала од очекуваната и пад од 7 отсто на приходите од продажба на автомобили.
Цените на акциите на овие, како и на другите технолошки гиганти од групата на таканаречените „Величествените седум“ се зголемија силно последните месеци, поттикнати од надежите на инвеститорите за силен раст на приходите и заработката. Оттаму, секој резултат кој е под очекуваното може да предизвика остар пад на цените на овие акции.
Цените на акциите на другите технолошки гиганти „Apple“, „Microsoft, „Amazon.com“, „Meta Platforms“ и „Nvidia“ вчера паднаа меѓу 2,9 и 6,8 отсто.
„Некои иинвеститори одлучија да извадат дел од заработката од пазарот, бидејќи се загрижени за идните деловни извештаи на компаниите“, вели Дејв Гресек, стратег во „Aspiriant“.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,17 отсто, на 8.153 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,92 отсто, на 18.387 поени, а париски CAC за 1,12 отсто, на 7.513 поени.