По повод одбележувањето на 102 години од своето постоење Стопанската комора денеска со почеток од 12 часот ќе додели повеќе награди.
Како што информираат од Стопанска комора, наградите ќе бидат доделени во три категории и тоа награда за долгогодишна коморска активност, награда за воведување напредни технологии, дигитализација и зел агенда и награда за градење на партнерства, засилување на врската и заеднички дејствувања во градењето на просперитетна македонска економија.
Наградите ќе ги додели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, а пред присутните наградени компании и членови на органите и телата на Комората, свое обраќање ќе има претседателот на Владата Христијан Мицкоски.