Владата вчера го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон за заемот од половина милијарда што го добивме од премиерот на унгарската влада, Виктор Орбан.
-Со законот ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра кој ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство, соопштија вчера од прес-службата на Владата по одржаната редовна седница.
Според соопштението кое Владата го испрати до медиумите по договорот Мицкоски – Орбан, веднаш треба да започне процесот за позајмица за што веќе се задолжени министерствата за финансии на двете влади.
Условите за користење на овие пари се 3,25 проценти годишна камата, тригодишен грејс период и 12 години отплата на кредитот исти како што државата е обврзана пред унгарската банка.
Најавените 250 милиони евра од унгарскиот кредит ќе одат за бизнисот, но преку Банкат за развој. Локалните самоуправи ќе може да конкурираат со проекти, а парите ќе им бидат трансферирани на наменски сметки.
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека неговиот унгарски колега Орбан треба да добие орден и да го прогласиме за херој за тоа што ѝ помага на државата.
-Ова е исто како сега вие да земете од две шишиња во чашава, да ставате вода и да речете до половина е од левото шише,од половина нагоре е од десното шише – тоа е невозможно да се каже. Заемот е Влада со Влада. Не знам од каде Унгарија ги обезбедиле парите. Мене ме интересира нашио догово и тоа ќе биде дел од закон кој што треба да помине на владина седница, па после тоа во Парламент. Наместо да речеме алал да му е, ние велиме од каде му се парите…, рече пред неколку дена Мицкоски во дебатна емисија за специјалната економска соработка со унгарската влада.