Хрватска се најде на листа на забранети земји заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран. Ова е одлука американската дигитална банка „Меркур“. Забраната им создаде проблеми на хрватските стартапи и технолошки фирми кои ги користеле нивните услуги за да прават бизнис на американскиот пазар. хрватските претприемачи полека по да ги чувствуваат последиците од фактот што Хрватска е под лупата на Работната група за финансиска акција (ФАТФ) повеќе од една година
Еден од засегнатите од оваа одлука, но не и единствен е основачот на „CircuitMess“, Алберт Гајсак, кој со години работи на американскиот пазар, а има сметка во банката „Меркур“ од 2019 година и никогаш немал никакви проблеми. Сега има еден месец да најде нова банка бидејќи добил известување дека сметката ќе му биде затворена на 22 август.
Гајшак вели дека дека голем број хрватски компании биле погодени од оваа одлука.
-Имаме кмаи регистрирана во САД, но основачите се од Хрватска и ова очигледно им е проблем. Ќе го префрлиме нашето работење во друга банка. Чудно ми е што само оваа банка реши да го направи тој потег – вели тој.
Хрватска е на „сивата листа“ од јуни 2023 година, па не е јасно зошто Меркур го направи овој потег сега, вели Фране Борозан , потпретседател на CISEx, Здружението на хрватски независни извозници на софтвер.
-Засега не знаеме точно колку компании членки на CISex се погодени и колку тоа ќе влијае на ИТ секторот, но првите информации говорат дека се погодени окол 30 елвн субјекти со директори кои се хрватски државјани – објасни Борозан.
Борозан нагласува дека што е можно поскоро треба да добијат одговори од надлежните институции и да дознаат што прават во оваа работа за да ги заштитат хрватските граѓани, но и да спречат дополнителни проблеми во бизнисот.