Актуелно 30.07.2024 08:28

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.

Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандмно поднесен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори.

На Предлог ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 58 амандмани, а расправата трае шест дена.

На седницата на Законодавно правна комисија пратениците ќе расправаат по Предлог измените на Законот за здравствената заштита, во второ читање.