Актуелно 30.07.2024 09:26

Најголем број меѓу невработените се лицата кои не успеале да заврштат ниту основно

Најголем број меѓу невработените се лицата кои не успеале да заврштат ниту основно

Ново намалување на невработените лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување е регистрирано за месец јуни. Според најновите податоци невработени се 101.510 граѓани, додека дополнителни 46.201 лица исто така бараат работа.

Според бројките кои ги објави Агенцијата за вработување, во јуни бројот на невработени благо се намалил, бд во мај имало 102.523 невработени граѓани, и дополнителни 46.664 кои исто така бараат работа. Во споредба со првиот месец од годината намалувањето е уште поголемо, бидејќи во јануари сме имале 105.803 невработени граѓани, и уште 46.881 кои бараат работа.

Иако бројот на лица кои се навработени и кои се во потрага по работа се намалува, сепак, загрижува фактот што одредени лица со години се водат како невработени и тешко успеаваат да најдат работа, но и податокот дека најголем дел од невработените се без образование или со ниско образование.

Бројките откриваат дка од кпо 101.510 невработени дури 52.427 се жени. Притоа најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно образование и тоа дури 60.863 од пријавените невработени лица. Притоа од овие 60 илјади невработи, 32.990 се жени.

Следна голема група се невработените со завршено средно образование. Тука како невработени се пријавиле 24.639 лица, а од нив 11.930 се жени.

Граѓани кои се невработени и кои имаат непотполно средно образование се 8.440, а од нив 2.674 се невработени.

Со високо образование се 6.337 лица, од кои дури 4.131 се жени.

Зачудува податокот дека како еваб имаме и доктори на науки и магистри.

Па така на листа невработени лица се 551 магистар на науки, од кои 349 се жени.

Имаме и 20 доктори на науки кои се пријавени за невработени, од кои 13 се жени.

Според познавачите на оваа проблематика, кај лицата без образование има дополнителни тешкотии да се вработат, токму поради фактот што тие се без образование, и голем дел од нив не се во можност да се дообразуваат, што ги прави тешки кандидати и за дообуки со кои би им се пронашле нови струки во кои може да работат.

Исто така факт кој загрижува се невработент лица ои долги остануваат невработени. Од податоците кои ги објавува Агенцијата се забележува дека има невработени граѓани кои се регистрирани дури и над осум години. Најголем група на граѓани кои чекаат вработување се лицата кои се пријавени од 5 до 7 години, но не е занемарлива ниту на невработените кои се пријавени и чекаат вработување повеќе од осум години.

Агенцијата за вработување има повеќе мерки со кои ги поддржува граѓаните да се вработат, или да се самовработат. Во агенцијата секоја година пристигнуваат средства од уплатите за социјални пидоеси за сууае на а кои ги уплатуваат работодавците. Минатата година приливот достигнал 60 милиони евра, но од нив високи 42 милини останале неискористени во Агенцијата.