Актуелно 07.08.2024 10:25

„Смедеревката“ ќе чини 18,3 денари по килограм, а „вранецот“ 20,8 денари

„Смедеревката“ ќе чини 18,3 денари по килограм, а „вранецот“ 20,8 денари

Производната цена на винската сорта на грозје „смедеревка“ изнесува 18,3 денари по килограм, а на „вранецот“ 20,8 денари по килограм, соопшти Министерството за земјоделство.

Како што е соопштено, во производната цена на грозјето влегува цената која ја пресмета Земјоделскиот институт – Скопје пресметана врз основа на трошоците на лозарите плус 25% предвидени со Законот за вино.

„Производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет (Службен Весник 146/24).

Производната цена на грозјето е основа за формирање на откупната цена на грозјето.

За денеска најавена е средба со менаџментот на Винарските визби и откупувачи на која ќе се дискутира за новите цени и откупт на .