Економија 13.08.2024 11:05

Доларот ослабе, цените на нафтата во пад

Доларот ослабе, цените на нафтата во пад

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна во претпладневното тргување во вторникот.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,08 поени, додека вчера во истиот период од тргувањт изнесуваше 103,18 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 146,85 на 147,15 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0930 долари, додека ден претходно во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0920 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладневно се лизна за 0,61 отсто, на 81,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,55 отсто, на 79,60 долари.