ЕСМ, преку Македонска берза, информира дека е избран нов Надзорен одбор. За негови членови се избрани: Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и професорот од Машинскиот факултет – Стевче Антовски. Независни членови на Одборот се: Александар Мурговски и професорката од Машинскиот факултет – Маја Аначкова.
Како е соопштено, изборот е извршен со одлука на Владата. Со таа одлука се разрешуваат досегашните членови на ова тело на ЕСМ: Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска-Наковска и Арбен Несим.