Цените на становите во Штип вртоглаво растат. Метар квадратен во новоизградена стамбена зграда се продава и по цена од 1500 евра. Според проценителите ова не е вистинска пазарна вредност на недвижноста, туку се базира само на зголемената побарувачка.
– Ние со нашиоте проценки, кои се реални и се базирани на една издржана методологија процена на пазарна вредност на недвижен имот, не можеме да дојдеме до 850 до 900 евра од метар квадратен, а во стартот гледаме дека некој продава стан за 1200 евра од метар квадратен во предизиградба. Тоа е таа нелогичност и според мене таа е резултат на монополската положба на инвесторите на згради, изјави Глигор Ивановски, проценител на недвижности
Според Ивановски порастот на цената треба да го следи инфлаторното движење, но веќе неколку години по ред, тоа не е случај кога се работи за станбен простор.
– Ако ние еве сега со ребалансот на буџетот имаме зцртн инфлацијата на годишно ниво да биде 3,6 %, становите треба да го следат тој пораст, нека бидат 4, 5 или 6 %, но ние гледаме дека тој пораст бележи поголема стапка на движење, додаде Ивановски
Зголемената побарувачка пак е резултат на тоа што се уште граѓаните сметаат дека инвестирањето во недвижности е најсигурен начин за заштита на слободните парични средства, а изнајмувањето на станот ќе им носи и дополнителен приход. Ивановски додава дека никој не може да каже до каде ќе оди растот на цените, се додека не дојде до баланс помеѓу понудата и побарувачкта.