Продажбата на нови автомобили во Русија во периодот од јануари до август е зголемена за 52 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за индустрија и трговија на таа земја.
Во првите осум месеци продадени се 1,17 милиони автомобили, стари под три години, пренесe Мина.
Што се однесува до камионите, продажбата е намалеа за десет отсто и изнесува 81,3 илјади возила, додека во сегментот автобуси продажбата е зголемена за 12 отсто на 13,6 илјади возила.
Пазарот на нови електрични возила од јануари до август пораснал за 86 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесувал речиси 13,8 илјади, соопшти руското Министерство.
Само во август продажбата на нови возила во сите сегменти е зголемена за 25 отсто на годишно ниво, на 170,5 илјади возила.