Економија 11.09.2024 09:23

За две децении, цената на златото се зголеми за 800 отсто

За две децении, цената на златото се зголеми за 800 отсто

Изминатата година цената на златото постојано урива рекорди. Оваа година започна со историски максимум од 2.050 долари, а секој месец достигнуваше нов максимум.

Сегашната светска берзанска цена е околу 2.520 долари за унца, што е раст од речиси 500 долари за само осум месеци од годинава, а се очекува годината да ја заврши со нов рекорд.

Цна на овој благороден метал за две децении скокна за 800 отсто.

Според аналитичарите, побарувачката за инвестициско злато во Америка и во Кина се третира како една од најбезбедните и најодговорните набавки. Побарувачката за инвестициско злато во првиот квартал годинава скокна за 68 отсто во однос на лани.