Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 0.5 %, објави Државниот завод за статистика, ДЗС.
Зголемувањето на инфлацијата во август годинава, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1.2 %,
рекреација и култура за 1.1 %, здравје за 0.8 %, ресторани и хотели за 0.7 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2.2 %, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0.3 %.
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во авгст 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 100.5.
Индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи зголемување од 2.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.0 %.