Актуелно 19.09.2024 08:21

Изумира ли традицијата на праврење ајвар и зимница во Македонија?

Изумира ли традицијата на праврење ајвар и зимница во Македонија?

Ако се подготвувате за правење ајвар оваа есен, важно е да пресметате колку ќе ве чини оваа слатка операција и дали навистина е исплатливо да го правите сами, или да го купите готов. Пиперката ајварка е поскапа од лани, а малите производители кои ги продаваат своите производи на пазарите веќе најавија зголемени цени.

Оние што ќе се ои да заштедат можат да ја почекаат и владината „есенска кошничка“, каде цените би требало да бидат пониски со планирана маржа до 10%. Но, ова нема да го реши главниот проблем – цените на пиперките варираат од град до град, а во Скопје цената се движи од 45 до 60 денари по килограм, додека во Охрид и Битола достигнува и до 70 денари.

Домашниот е и поевтин и повкусен
Калина, домаќинка од Ѓорче Петров, вели дека оваа година нема да прави 30 килограми ајвар како порано, туку ќе се задоволи со помала количина.

– Годинава цената на пиперката е повисока, па и ајварот ќе ие поскап. Ќе си го правиме сами дома, па ќе биде поевтин од тој во продавница. Ќе направам помалку, ама без ајвар не може да мине зимата – вели таа со насмевка.

Според пресметките, ако го правите ајварот дома, ќе ве чини од 110 до 160 денари по тегла, зависно од цената на пиперката и на другите состојки. Основниот рецепт содржи пиперки, модри патлиџани, масло, сол и шеќер. Ако ајварот се прави само од пиперки, тогаш за 1 тегла се потребни 4 килограми пиперка.

Ајварот благ, цените се’ полути
Но, некои луѓе се одлучуваат да го купуваат готовиот ајвар. Млад Скпјанец со ог разговаравме на Зеленото пазарче, ни кажа:
– Се’ помалку имам време за подготовка на ајвар, ама сакам домашен вкус. Секогаш го купувам од жени кои го прават по старите рецепти, затоа што е неспоредливо со оној од маркетите. Малку е поскап, ама вреди секој денар!

Цените на домашниот ајвар на пазарите се движат од 350 до 400 денари за тегла, а малите производители ги корегираат цените според трошоците за пиперките, гасот, дрвото или струјата што ја користат при подготовката. Во маркетите пак, цените варираат од 139 до 273 денари за помали теглички, додека поголемите чинат од 215 до 409 денари.

Поскапеа и суровините и царините, не може ајварот да биде џабе
Виктор Петков од компанијата „Випро“ објаснува дека порастот на цената на суровините и високите царини на увозената пиперка придонесуваат за зголемувањето на цените.

– Цената на пиперката годинава скокна и до 60 центи по килограм, а ние како производители се соочуваме со 50% царина на увозната суровина. Тоа, заедно со зголемените трошоци за работна рака и струја, не ни оневозможува да ги задржиме старите цени на ајварот – вели тој.

Ќе дојде веме ајварката а ја нма ни а лек
Поради високите температури, родот на пиперката годинава е намален за околу 40%, но годинава имаше зголемени површини под оваа култура, па ќе има доволни количини за преработувачите. Се проценува дека во струмичкиот регион се произведени 30.000 до 35.000 тони пипер. Годишно во земјава се произведуваат над 50.000 тони ајварка. Најголем дел завршува на домашниот пазар, но се извезува во Хрватска, Полска, Германија, Романија…

Земјоделците велат дека и со оваа откупна цена на пиперката, веќе нема кој да ја произведува, бидејќи се засили бранот на иселување на младите земјоделци, поради политиките во земјоделството кои се непроменети со години.