Убиецот на Мартин Нешковски, специјалецот Игор Спасов кој во 2012 година беше осуден на казна затвор од 14 години излегол од затворот во Идризово и во моментов се наоѓа во својот дом во Штип, дознава НетПрес.
По само 6 години затвор за убиството на Мартин Нешковски Спасов е пуштен од затвор под неразбирливо образложение дека има потреба од домашно лекување. Засега официјалните институции се недостапни за понатамошни објаснувања во врска со овој случај. Нејасно е зошто доколку имало потреба од лекување не се користи арестанското медицинско оделение туку Спасов веќе се наоѓа во својот дом во Штип.
Инаку, Игор Спасов минатата година оствари и средба и се ракуваше со премиерот Зоран Заев, кој го посети затворот Идризово. Во меѓувреме Владата донесе и одлука за амнестија, со која повеќе од 800 осудени криминалци и сторители на кривични дела добија едлумно или целосно ослободување од затворските казни.Како што е веќе познато во јавноста, СДСМ и и припадниците на т.н. Шарена револуција протестираа постојано во изминатите години за случајот Нешковски и бараа правна разрешница, завршува текстот на НетПрес.