Вице Заев и Никола Филипче, браќата на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, ќе заработуваат по околу 120.000 евра годишно од заедничката фотоцентрала за која се во процес на добивање лиценца за производство на електрична енергија во Сретеново, Дојран.
Според барањето за привремена лиценц, несено до Регулаторната комисија за енергетика, моќноста на ФЕЦ „Сретеново“ на „Фос Имерас“ е 1,35 мегавати. Како што тврдат познавачите на енергетскиот пазар кои ги контактиравме, пресметката според сончевото подрачје на Дојран, е дека оваа фотоцентрала ќе произведува 1.959 мегаватчасови електрична енергија годишно.
– Просечната цена оваа година на продадена електрична енергија во соларните часови е 65 евра, иако варијациите се многу големи во текот на една година. Ако тргнеме од таа логика, заработката би била околу 126.000 евра на годишно ниво. Струјата ое да се продаде на два начина – со договор со посредник трговец за фиксен откуп, или преку националниот оператор на пазарот МЕМО со договор за „зелена тарифа“, ни објасни познавачот кој сакаше да остане анонимен во оваа ситуација.
Според експертите, само мал процент од оваа заработка на годишно ниво се троши за одржување на фотоцентралата, додека ргоо е чиста добивка, која особено доаѓа до израз кога ќе се исплатат инвестициските трошоци.
На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус Нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.
Истражувачки медиуми, а потоа и самата владеачка партија, објавија дека фотонапонската централа е изградена на земјиште од 23.000 м2 купено во 2021 година со дозволи и процедури завшени во ркорно брзо време.
„Друштвото за производство на електрична енергија, трговија и услуги ФОС ИМЕРАС ДОО Скопје со седиште на ул. “Мирослав Крлежа” бр.62 Скопје-Центар, на 20 септември 2024 година до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија поднесе Барање за издавање на привремена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од ФЕЦ “СРЕТЕНОВО” со моќност по инвертори од 1.350 kW, УП1 бр. 12- 552/24 од 20 септември 2024 година.“, објави во меѓувреме реглаорот.
Првична фирма ја купила државна парцела во 2016 за винарија, што не се реализирало за потоа, во 2021 година, да ѝ го продаде земјиштето на фирмата „Плус нетворк“ чиј сопственик е Никола Филипче. Плус нетворк на Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски, а по само неполн месец Советот на Општина Дојран,да го измени ДУП-от и да овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата.
Извор: faktor.mk