Актуелно 26.11.2024 13:56

Трајков се сретна со претставничките на УНФПА: Зајакнување на соработката помеѓу институциите во државата и оваа важна организација

Трајков се сретна со претставничките на УНФПА: Зајакнување на соработката помеѓу институциите во државата и оваа важна организација

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари работна средба со Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА (Фондот за население на Обединетите нации) во Македонија, и Ирена Спирковска, задолжена за мобилизирање на ресурси и комуникација.

На средбата се разговараше за клучните приоритети на УНФПА во нашата земја и можностите за зајакнување на соработката помеѓу институциите во државата и оваа важна организација.

Посебен акцент беше ставен на теми како што се родовата еднаквост, младинските политики и пристапот до здравствени и социјални услуги за ранливите категории.

На состанокот се разговараше за продолжување и продлабочување на соработката во рамките на тековната Програма на УНФПА, како и можностите за соработка во рамките на националните ИПА фондови и други клучни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес.

Заменик министерката Трајков ја потенцираше важноста на партнерството со меѓународните организации како УНФПА во унапредување на капацитетите на државата, особено во доменот на социо-економските реформи кои се во согласност со европските стандарди.

Од страна на Афродита Шаља беше истакнато дека УНФПА останува посветена на поддршката на државата во имплементацијата на иновативни проекти кои придонесуваат за одржлив развој и општествена одговорност.