Живот 11.03.2025 11:23

Шпанска банка овозможува нејзините клиенти да тргуваат со криптовалути

Шпанска банка овозможува нејзините клиенти да тргуваат со криптовалути

Шпанската банка ББВА објави дека добила одобрение од Комисијата за пазари на хартии од вредност во Шпанија да обезбедува услуги во земјата, поврзани со тргување со криптовалутите Биткоин и Етер, објави Ројтерс, цитиран од БТА.

Банката ќе воведе онлајн апликација преку која нејзините клиенти ќе можат за трансакции со овие криптовалути. Тие ќе можат да купуваат и продаваат биткоини и етери на „безбеден“ начин, според објавата на веб-страницата на ББВА. Соопштението на шпанската банка доаѓа неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешка резерва за биткоини, пренесува „24Часа.бг“.