Актуелно 16.12.2025 08:39

Официјална инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора

Официјална инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска ќе се одржи официјална инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора, по нејзиното успешно отворање во Стокхолм во октомври годинава.

Како што соопштуваат од Комората, на инаугурацијата ќе присуствуваат високи претставници од Министерството, како и претставници од Амбасадата на Кралството Шведска во земјава, каде претседателот и извршен директор на Комората, Самуел Наумовски Викиус, официјално ќе ја претстави визијата и мисијата на Комората, како и планираните активности и можности за членство за македонските компании.

Во рамки на програмата, предвидена е и панел-дискусија на тема „Зајакнување на деловните и економските врски помеѓу Шведска и Северна Македонија“, на која ќе учествуваат истакнати претставници од бизнис-заедницата и членови на Одборот на Комората. Во соопштението се наведува дека на панелот ќе се дискутира за предизвиците и можностите за билатерална трговија, успешните деловни практики, како и улогата на Комората во поддршката на соработката во приоритетните сектори.