Поради масовното иселување на луѓето од Хрватска, многу работодавци се во потрага по нови работници. Овие неколку недели во земјата често може да се видат натписи „Бараме работници“.
Но, ова барање, и покрај понудата на солидни плати и разни други бенефиции, често се покажува залудно. Но, на голем број работодавци спас им се – студентите.
На студентите им се нудат работни места како келнери, готвачи, продавачи, чистачи, пакувачи… Според ценовникот на Студентскиот сервис, заработката за еден час може да биде следна: чистење куќи и перење алишта (35 куни), чистење килими, сечење дрва, селидба и пренесување градежни материјали (50 куни).
Кој сака да работи во туризмот како келнер, рецепционер, чистач на плажи, мијач на садови или собарка, може да заработи од 18 до 20 куни на час, со обезбедено сместување, храна и превоз. Се нудат и подобро платени работни места, па за внатрешно и надворешно чистење на бродот, во зависност од должината на пловниот објект, може да се заработат од 150 до 250 куни на час.
Со оглед на големата побарувачка за работници, и нашите студенти би можеле да си ја пробаат среќата во Хрватска и да се обидат да заработат џепарлак.