По претходното поскапување седмицата донесе повторно зголемување на цените кај сите житни договори на светските берзански пазари.
Во Чикаго пченицата се зголеми 11 долари за рекордни 226 долари/тон, во Франција, со 20 до 209 евра/тон. Во Украина и Русија, цените, исто така, драстично се зголемија за 16 и 13 долари, соодветно, на 218 и 217 долари/тон.
Кај пченката промената на цената во Чикаго е со плус 4 долари, повторно до претходните нивоа од 166 долари/тон, во Франција исто така се вратија на старите цени со зголемување од 20,25 евра до 182,25 евра/тон. Во Русија цената варира, сега е минус 4 долари до 197 долари/тон.
Семето од репка во Европската унија (Еuronext) се движи на 369,25 евра/тон, а јачменот во Франција исто така забележа раст со 29 евра и достигна 205 евра/тон.
Нерафинираното сончогледово масло и рафинираниот шеќер исто така се зголеми во текот на изминатата недела. Цената во Ротердам на маслото оваа недела е со плус 5 долари до 775 долари/тон, а шеќерот во Лондон продолжува да губи на крајот на јуни и поскапе со 5,70 долари до 324,10 долари/тон.