Мозаик 12.12.2018 19:40

Правила за вистински лидер

Правила за вистински лидер

Како да создадете пријатна работна атмосфера за вашата компанија и вас лично? Како да бидете вистинскиот лидер? Само следете ги златните правила на Дејл Карнеги:

1. Ставете се на местото на она друго лице. И другите луѓе се живи човечки суштества што дишат, токму како вас. И тие поднесуваат одредени притисоци дома. Сакаат да постигнат успех. Сакаат секој со нив да постапува со почитување и разбирање, како што и вие го сакате тоа.

2. Со вработените постапувај како со колеги, не од високо, не диктаторски, и не со карање. На крајот на краиштата, тие се ваши соработници, тие не ви се ни слуги, ни најдобри лични пријатели. Значи, постапувајте спрема нив на соодветен начин. Имајте ја предвид човечноста што е присутна во секој припадник на вашата организација. Глумењето „Голем Газда“ не ги мотивира луѓето кон ништо, освен кон нерасположение кон таквото наметливо суштество. Менаџерите се најчесто на удар.

3. Ангажирајте ги луѓето. Упатете им предизвик. Повикајте ги да ги дадат своите видувања, своите предлози, својот „инпут“. Охрабрувајте ги да бидат со вас во соработка. Не сакаат нивните мислења да бидат занемарувани. „Секој сака да е важен, да има влијание, да остава трага“.

Третирајте ги луѓето како рамни на себеси, ангажирајте ги во процесот на тимската работа, постапувајте добро со нив. Најпосле, постои уште еден начин да се создаде работно место што ќе дава достоинство: Хуманизирајте ја вашата организација, не само крупните, туку и ситните работи во неа.

Дејл Карнеги е дамнешен едукатор за лидерство, мотивација и успешна комуникација. Неговите рецепти на полето на личен и деловен успех се користат скоро половина век и повеќе, низ целиот свет. На своите едукативни тренинзи и во книгите, се труди да го извлече максимумот од секој, обидувајќи се да создаде добар комуникатор и лидер. Неговите книги имаат практично применлива содржина.