Во периодот 01.01-31.03.2018 година Друштвото А.Д. Европа Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 24.597.980,00 денари и е поголема во однос на истиот перод од претходната година за 473,0%.
Вкупните приходи се зголемени за 6,3% и изнесуваат 168.329.189,00 денари. Оперативните приходи за првите три месеци од оваа година изнесуваат 167.999.990,00 денари и се зголенени за 6,3% а финансиските приходи се 329.289,00 денари и се зголемени за 7,3%.
Расходите за трите месеци се намалени за 6,7% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 143.731.209,00 денари. Оперативните расходи за првите три месеци од оваа година изнесуваат 142.450.937,00 денари и се намалени за 6,9% а финансиските расходи се 1.280.272,00 денари и се зголемени за 18,7%. Намалувањето на расходите за 6,7% и зголемувањето на приходите за 6,3% допринесе добивката да се зголеми за 473,0%.