Актуелно 17.04.2018 23:41

Адвокатот на уапсениот Фејзи Азири: Вечерва друштво му прават полициски алфи

Адвокатот на уапсениот Фејзи Азири: Вечерва друштво му прават полициски алфи

По информацијата дека Фејзи Азири, обвинет во Монструм, е во бегство, односно не се вратил во затворот по прекинот кој го имал за лекување, неговиот адвокат Насер Рауфи за „Фокус“ потврдил дека Азири е во болница.

„Вечерва друштво му прават полициски алфи, кои ќе го обезбедуваат“

Според Рауфи, Азири вечерва нема да биде вратен во затворот, туку ќе биде задржан на лекување. Тој потенцира дека чекаат одлука од Кривичен совет за продолжување на прекинот за лекување бидејќи поднеле жалба.