Актуелно 21.11.2018 18:46

Адвокатскиот тим на Мијалков поднел жалба за приведувањето

Адвокатскиот тим на Мијалков поднел жалба за приведувањето

Антонио Апостолски, адвокат на Сашо Мијалков, за Република изјави дека е поднесена жалба за приведувањето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, поради, повреда на Законот за кривична постапка, според лицето на кое му се одредува притвор прво треба да даде исказ во судот, а потоа да му биде определен притвор.

-Поднесена е жалба на приведувањето на Сашо Мијалков, пред се поради повреда на постапката, бидејќи Мијалков не беше повикан да даде исказ. Кога се оди од полесно кон потешко дело, според Европскиот суд за човекови права, треба обвинетиот да даде исказ. Имаме како потврда и пресуди од Европскиот суд за човекови права. Исто така, не постои опасност од бегство, бидејќи Мијалков редовно се појавуваше нарочиштата, изјави Апостолски за „Република“.

Адвокатскиот тим на Мијалков утре ќе го посети во затворот во Шутка. Во изјавата за „Република“ Апостолски потенцира дека одбраната смета дека безбедноста Мијалков е загрозена во моментов и поради тоа бара да се укине мерката притвор.

Со притворањето на Мијалков се загрозува неговиот живот бидејќи како шеф на УБК имал многу успешни операции кои се однесувале на безбедноста на државата и голем дел од лицата на кои се однесувале тие акции се токму дел од притворените одделенија.