Економија 18.09.2018 18:48

АЕК домаќин на регионален состанок за поевтинување на роамингот

АЕК домаќин на регионален состанок за поевтинување на роамингот
Silicon Valley Upheaval

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе се одржи работен состанок со претставници од регулаторните тела за електронски комуникации од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

– Посебен фокус ќе биде посветен на резултатите од досегашните активности за роаминг услугите како и следните чекори кои што ќе се преземат за поевтинување на роаминг и меѓународните разговори, најави АЕК.

Целта, укажуваат, е да продолжи соработката, размената на информации и натамошните мерки со цел корисниците на електронски комуникациски услуги од овие четири држави да можат да ги користат услугите по поповолни услови и цени.

Досегашните преземени активности на националните регулаторни тела од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија придонесоа за намалување на цените во роаминг на повиците за 83,5 проценти, на СМС за 70 проценти и на интернетот за 94,4 проценти за корисниците на електронски комуникациски услуги во овие држави од 2014 година досега.

Најнови вести