Актуелно 19.09.2024 08:31

АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“

АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“

АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство, пред претставници на стопанството денеска во „Јуроп хаус“ во Скопје ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“.

-Целта на проектот е да се обучат млади вработени како да ја зголемат енергетска ефикасност во компаниите каде што работат. По добиената обук ќе имаат временски период од неколку недели да дизајнираат и спроведат сопствен проект, кој треба да го имплементираат во својата компанија и истиот ќе биде презентиран пред комисија во Германија, соопшти АХК.

Овој проект првпат се спроведува во земјава, а досега е успешно имплементиран во Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

Според организаторот, со негова промоција ќе бидат запознаени поголем број компании кои со имплементирањето ќе може да придонесат во намалувањето на загадувањео, за на енергија при производство и доближување до зелената агенда.

Како што е најавено, настанот ќе го отвори директорката на АХК Северна Македонија, Антје Ванделт, а обраќање ќе има и заменик амбасадорот на Германија, Јан Фос и Хана Лохте, одговорна за проектот на глобално ниво од Германската комора за индустрија и трговија во Берлин.