Актуелно 10.12.2018 00:42

Ахмети: Време е за консензуален претседател

Ахмети: Време е за консензуален претседател

Мислам дека не сме далеку од идејата дека на земјата ѝ треба еден консесуален претседател, еден усогласен претседател, но сè уште не сме разговарале за деталите и мислам дека во иднина, по завршување на овие големи процеси кои ги имаме, ќе може да разговараме и за ова тема“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Радио слободна Европа.

Запрашан како ќе го убеди коалициониот СДСМ да прифати ваква идеја со оглед на тоа што и ДУИ и социјалдемократите имаар речиси изедначен рејтинг меѓу Албанците, Ахмети вели:

-Е, сега не би сакал да навлезам, ниту да шпекулирам, ниту да коментирам анкети, затоа што анкетите треба да ги коментират самите куќи кои ги прават анкетите, но едно се знае дека Демократската унија за интеграција ја има легитимноста и најголемата поддршка на Албанците на Република Македонија, рече Ахмети.