Банкарство 15.01.2019 11:09

Акциите на Monte Paschi поевтинуваат поради проблеми со капиталот

Акциите на Monte Paschi поевтинуваат поради проблеми со капиталот

Акциите на италијанската „Banca Monte dei Paschi di Siena SpA“ поевтинуваат за време на сесијата на берзата во Милано, откако Европската централна банка (ЕЦБ) истакна слабости во капиталот и профитабилноста на доверителот, соопштува „Bloomberg“.

Од „ЕЦБ“ изјавија дека неспособноста на „Monte Paschi“ да издаде втората транша од подредените обврзници во текот на изминатата година влијаела на нејзината капитална позиција.

Италијанската банка планира да се поврзе со инвеститорите за продажба на обезбедените обврзници уште во текот на оваа недела, изјави извор запознаен со предметот.

Главниот извршен директор на „Monte Paschi“, Марко Морели се обидува да ја подобри состојбата на спасениот кредитор преку намалување на трошоците, продажба на надзорните кредити и ограничувањето на ризикот.

„ЕЦБ“ ги истакна слабостите на кои банката треба да работи, вклучувајќи ја и профитабилноста, која според европскиот банкарски орган „не успева“ да се наметне според планот за реструктуирање, кој беше одобрен од регулаторот и италијанската влада.

Акциите на „Monte Paschi“ поевтинија со 9,3 отсто, што е најниско ниво од мај 2018-та година. Генералното намалување на вредноста на акцијата, откако банката се врати на берзата како државно контролирано друштво во октомври 2017-та година, е 69%.

Италијанската влада поседува 68 отсто од акциите од доверителот.

Банката се соочува со значителни финансиски предизвици, имајќи ги предвид сегашните турбуленции на италијанските пазари. Во однос на надзорните кредити „ЕЦБ“ го советува „Monte Paschi“ постепено да го зголемува нивото на гарантиран износ во наредните неколку години.

Зголемувајќи го притисокот врз доверителот, заменик-началникот на канцеларијата на кабинетот Џанкарло Георгета изјави дека владата може да има сериозен проблем со банката по кризата со кредиторот со седиште во Џенова, „Banca Carige SpA“.